Словенечката НБА ѕвезда, Лука Дончиќ успеа да го „победи“ Меџик Џонсон за еден натпревар и да стигне до својот 50. трипл-дабл меч во својата кариера. Дончиќ имаше 33 поени, 12 скока и 11 асистенции да ги предводи Далас маверикс до 127:99 победа над Денвер нагетс за да стане само 10. кошаркар во историјата со 50 мечеви со трипл-дабл – тој го оствари тоа во 278. меч во кариерата, еден помалку од бројот на мечеви кои му беа потребни на Џонсон. Само Оскар Робинсон (111) е пред нив двајца.
„Тој уште сега ја менува историјата и влегува во книгите за рекорди. Тоа е навистина кул. Достигнувањето на Оскар е навистин неверојатно, така што тоа што Лука е веднаш за него покажува за колку посебен играч се работи“, изјави тренерот на Мавс, Џејсон Кид, кому му беа потребни 649 меча да стигне до 50 трипл-дабл мечеви во неговата играчка кариера.
Мечот со Нагетс исто така беше 25. пат што Дончиќ имал барем 30 поени во трипл-дабл, со што е петти во историјата, зад Робертсон, Расел Вестбрук, Леброн Џејмс и Џејмс Харден. 23-годишниот Словенец, кој е најдобар стрелец во НБА оваа сзона, не беше премногу воодушевен.
„Секако, убаво е чувството. Секогаш кога ќе ме прашате го имам истиот одговор – задоволство е. Јас сум сам среќен што го правам ова“, вели Дончиќ, кому ова му е петта НБА сезона.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Вашингтон – Мајами 107:106 ОТ
Кливленд – Шарлот 132:122 ОТ
Чикаго – Орландо 107:108
Филаделфија – Милвоки 110:102
Хјустон – Индијана 91:99
Мемфис – Оклахома Сити 121:110
Далас – Денвер 127:99
Њу Орлеанс – Бостон 109:117
Јута – Финикс 134:133
Голден стејт – Њујорк 111:101
ЛА лејкерс – Детроит 128:121