Тајлер Дорси еден од најдобрите играчи на Олимпијакос ги известил клупските челници дека има намера да се врати во НБА лигата.
Дорси играше во НБА од 2017 до 2019 година за Атланта Хокс и Мемфис Гризлис, но добар дел од своето време помина и во развојната „Џи лига“.
Се пресели во Европа во 2019 година кога потпиша договор со Макаби Тел Авив. Две сезони играше во Израел, а минатото лето се пристигна во Олимпијакос.
Во изминатата сезона, Дорси, 41. пик на драфтот во НБА во 2017 година, забележа 12,8 поени и две асистенции по натпревар.
Грчките медиуми тврдат дека Дорси има конкретна понуда од Далас Маверикс и дека таму ќе ја продолжи кариерата.