Top Sport

Латифи го наследи Кубица во Вилијамс

Пилотот во Формула 2, Канаѓанецот Николас Латифи, наредната сезона ќе дебитира во Формула 1. Канаѓанецот ќе го замени Роберт Кубица во тимот на Вилијамс.

Николас Латифи оваа сезона беше тест-возач на Вилијамс. Негов колега ќе биде Џорџ Расел.

На овој начин комплетиран е „стартниот грид“ за наредната сезона. Познати се имињата на сите 20 возачи што ќе се појават во Мелбурн на првата трка наредната сезона.

Латифи добро го познаа болидот на Вилијамс, тој оваа година учествувал во шест „слободни сесии“. Последен пат го возел болидот на Вилијамс во Бразил.

Поранешниот тест-возач на Рено и резервен пилот на Форс Индија во моментов се наоѓа на второто место во Формула 2 шампионатот.

Scroll to Top