Top Sport

Драган Бајиќ ја презеде кошаркарската репрезентација

Актуелниот тренер на Игокеа, Драган Бајиќ, официјално ја презеде кошаркарската репрезентација на Македонија. Бајиќ функцијата ја презеде од Александар Тодоров, со кого Кошаркарската федерација на Македонија не го продолжи договорот.

„За секој тренер е чест да се биде селектор на една репрезентација, а јас ја имам честа да станам селектор на Македонија. Мило ми е што луѓе како Антиќ и Гечевски кои како играчи имале врвни тренери, одлучија да ме изберат мене за нов селектор. Имам доста голема енергија и желба да направиме добра работа заедно. Би сакал да останам десет години. Рано е да се зборува за детали, но сите играчи ќе добијат шанса да играат и ќе се обидеме од секој да го извлечеме најдоброто и да бидеме најдобри што можеме. Како тренер барам да бидеме како семејство и да дишеме како еден, бидејќи само тоа е патот кон успехот.“ – се првите зборови на Драган Бајиќ откако официјално ја презема функцијата селектор.

Овој 47-годишен тренер, во досегашната кариера која ја започнал пред 14 години работел само во Игокеа. Исклучок е 2015 година која ја мина во Черно море, Бугарија.

Бајиќ со својот тим, оваа сезона во АБА лигата постигнува одлични резултати. Доколку ен се случат големи изненадувања, до крајот на регуларниот дел од сезоната, Игокеа, заедно со Будуќност, Црвена звезда и Цедевита Олимпија ќе игра во плејофот за титулата.

Првиот официјален предизвик за новиот селектор се втората рунда од претквалификациите за Светското првенство 2023, закажани за претстојниот месец август.

Извор/ kfsm.mk

Scroll to Top