Кошаркарите на Вашингтон Визардс го добија дербито во Источната конференција против Бостон Селтикс. Визардс победија во Масачусетс по две продолженија 125:124.
Визардс со тројката од корнер на Џоди Микс, на 2,6 секунди до крајот на мечот, обезбедија дополнителни пет минути игра (106:106). Во продолжението тимот од престолнината на САД беше блиску до победа, меѓутоа Џејсон Тејтум на 3,1 секунда израмни на 115:115, а потоа не го реалзира слободното фрлање за победа.
Мечот го реши Бредли Бил кој погоди, а потоа го реализира и дополнителното слободно фрлање за 125:119, на 85 секунди до крајот на второто продолжение.
Инаку, кошаркарите на Бостон Слтикс во втората четвртина имаа предност од 20 поени (51.31), но Визардс се вратија во мечот и на крајот обезбедија важна победа во борбата за петтата позиција на Истокот.
Бил го предводеше Вашингтон со 34 поени, 7 скока и 9 асистенции, Маркиф Морис постигна 20 поени, а Ото Портер забележа 18 поени и 11 скока.
Бостон на овој натпревар играше без Кајри Ирвинг и Ал Хорфорд. Селтикс и предводеше братот на Маркиф Морис од Вашингтон, Маркус со 31 поен, Тери Розијер забележа 21 поен и 9 асистенции.
Бостон е втора екипа на Истокот со 46 победи и 22 порази, а Вашингтон во моментов е на петтото место со 39 победи и 30 порази.