Кошаркарите на Милвоки Бакс, во драматичен натпреар, ги победија Бруклин Нетс со 86:83 и го намалија резултатот во оваа полу-финална серија на Истокот, на 2-1.
Во тврд и неефикасен натпревар, во кој играчите на двата тима промашија многу отворени шутеви, Милвоки поведоа со 30:9, но Бруклин бргу ја истопија разликата.
Победникот беше решен во финишот. Кевин Дурент ги постигна последните седум поени за Бруклин, вклучувајќи ја и тројката за водство 80:83. Во наредните два напади, Херис и Браун не реализираа за Бруклин.
При резултат 82:83, Холидеј постигна поени со кои ја врати предноста на страната на Милвоки. Потоа Мидлтон поентираше од линијата за слободни фрлања на две секунди до крајот. Во последниот напад Дурент од тешка позиција не успеа да погоди тројка.
Две третини од поените за Милвоки ги постигнаа Крис Мидлтон и Јанис Адетокумбо, кои одиграа по 44 минути. Мидлтон постигна 35 поени на кои придодаде 15 скокови, Адетокумби имаше 33 поени и 14 скокови.
Кај Бруклин се истакна Дурент со 30 поени, 11 скокови и пет асистенции, Кајри Ирвинг постигна 22, а Брус Браун забележа 16 поени, 11 скокови и три асистенции.