Кошаркарите на Австралија ја совладаа Франција во трилер-натпревар 100:98 и го освоија првото место во Л-групата.
Во драматичната завршница се издвои искусниот плејмејкер, инаку НБА-првак со Кливленд Кавалирс, Метју Делаведова. Со освојувањето на првото место во Л-групата Австралијците во евентуалното полу-финале ги избегнаа Американците и Србите. Во четврт-финалето Австралија ќе игра против Чешка, додека Франција за противник ќе ја има селекцијата на САД.
Дуелот го обележа „револверашката“ пресметка на НБА-играчите Пети Милс и Еван Фурние. Милс ја предводеше Австралија со три поени, а Фурние за Франција постигна поен повеќе.
Кај „кенгурите“ уште се истакнаа Арон Бејнс со 21 поен и Џо Инглс со 23 коша. Фурние кај Франција поддршка доби од Нандо Де Коло (26 поени).
Во Нанџинг Австралија и Франција го одиграа најдобриот меч во досегашниот тек на Светскоот првенство. Од почетокот екипите без во егал, а ниту еден тим не успеа да направи разлика поголема од шест поени.
Драмата ја реши Делаведова кој погоди едно слободно фрлање на две секунди до крајот, пота Французите дозволија Милс да им ја украде топката, а Мич Крк беше фаулиран при обидот да постигне тројка. Тој го погоди првото, го промаши второто, а пота намерно не го реализира третото слободно фрлање со што го постави конечниот резултат.