Top Sport

Драматичен триумф на кошаркарите против Данска

Кошаркарската репрезентација на Македонија во драматичен меч ја победи Данска по продолжение со 74:71, во четвртото коло од претквалификациите за Европското првенство.

Избраниците на селекторот Александар Јончевски успеаја до крај да ја одработат успешно „скандинавската мисија“ откако претходно убедливо славеа над Норвешка.

Македонија не беше шутерски расположена, но затоа го имаа Ти Џеј Шортс кој одигра симултанка. Тој постигна 33 поени и речиси играше сам против Данска на крајот од регуларниот тек, а и во продолжението.

Првиот период Данците го добија со 14:20, а на полувреме заминаа со пет поени предност. Го одржуваа водството до пред крајот, а потоа сепак нашата репрезентација успеа да дојде до израмнување и да го одведе мечот во продолжение.

И во него Шортс „царуваше“, а Македонија стигна до четвртата победа во овие претквалификации.

Scroll to Top