Top Sport

Швајцарките го освоија Купот „Били Џин“

Женската тениска репрезентација на Швајцарија го освои Купот „Били Џин“, поранешен Фед куп, и стана светски шампион. Швајцарките во финалето ја совладаа Австралија со 2:0, со победите на Џил Тајхман и на Белинда Бенчиќ.

Во првиот меч на денот Тајхман ја совлада Сторм Сандерс со 2:1 во сетови (6:3, 4:6, 6:3), а потоа се беше решено во мечот меѓу олимписката шампионка Белинда Бенчиќ и Ајла Томљановиќ.

Бенчиќ одигра фантастично, славеше со убедливи 2:0 во сетови (6:2, 6:1) и донесе голема победа и планетарна титула на Швајцарија, прва во историјата на оваа земја.

Scroll to Top