Top Sport

Драматични победи за Барселона и Макаби, пораз за Црвена Звезда

Кошаркарите на Барселона го совладаа Баерн со 72:70, кој пристигна без тренерот Андреа Тринкиери.

Најефикасен кај Барселона беше Миротиќ со 12 поени, Весели постигна 10 поени со девет скока. Кај Баерн, Вајлер-Буб постигна 15, додека Јарамаз стигна до 12 поени.

Макаби на гости ја победи Валенсија со 94:93.

Макаби во четвртиот период имаше водство од седум поени, но Валенсија успеа да стигне со две тројки. Сепак, Болдвин го реши прашањето за победникот.

Најдобар во домашниот тим беше Харпер со 20 поени, а Препелиќ постигна 15.

Макаби го предводеше Болдвин со 19 поени.

Олимпија Милано ја совлада Црвена Звезда со 74:68. Берон со 14 и Хал со 14 поени беа најдобри кај Милано, додека кај српскиот шампион Бентил постигна 17.

Scroll to Top