Top Sport

Дрекслер: Бласфемија е дека Г.О.А.Т. е Џордан или Леброн

Поранешниот НБА играч Клајд „Глајд“ Дреклсер има свое мислење околу тоа кој е најдобриот на сите времиња. Во јавноста се водат дебатите околу тоа дали е најдобар Мајкл Џордан или Леброн Џејмс, но Дрекслер смета дека таа расправа е проблематична.

Клајд Дрекслер играше за Потланд во финалето во 1992 година кога Чикаго Булс со Џордан ја освоија титулата.

„Мене таа расправа ми е проблематична. Се зборува само за двајца играчи, а ги имавме Вилт Чембрлен и Карим-Абдул Џабар, без кои една таква расправа не може ниту да започне“, рекол Дреклсер.

Тој спомнал уште неколку легендарни кошаркри (Лери Бирд, Џулиус Ирвинг, Џорџ Гервинг, Елџин Бејлор, Оскар Робертсон, Џери Вест…и дополнил.

„Сите овие треба да бидат во расправата, поради тоа ми е неверојатно дека се се сведува на Џордан и Леброн. Ги сакам и Мајкл и Леброн, но не смееме ништо да им одземаме ниту на останатите великани. Како некој може да каже дека е подобар од нив? Во најмала рака тоа е бласфемија (богохулство). И тоа го прават луѓе што не играле кошарка. Оние кои играле знаат дека еден човек не може да направи ништо. Мразам кога луѓето со кошарката се однесуваат како таа да е индивидуално натпреварување“, заклучил освојувачот на титулата со Хјустон и член на оригиналниот „Дрим-тим“.

Scroll to Top