Top Sport

„Ова што сега го прави Меси, Диего го правеше по „ниви“, противниците го кршеа“

Марко „Дијабло“ Ечевери е икона на фудбалот во Боливија. Имал можност да ги следи кариерите на двајцата славни Аргетнинци Диего Армандо Марадона и Лионел Меси. Ечевери беше активен фудбалер во ерата на Марадона, а во ерата на Меси работи како коментатор. Се смета дека е доволно компетентен да се вмеша во расправата кој е подобар од нив двајца.

Според него кога ќе се ќе се собере и одземе 99,99 отсо од сите Аргентинци и Јужноамериканци имаат ист одговор, најдобар е Марадона.

„Не можеш да играш за Аргентина, да бидеш во конкуренција за најдобар на сите времиња а да не си бил светски првак. Тоа прави огромна, пресудна разлика“, рекол Ечевери за аргентинското радио Супер Депортиво.

„Меси не доаѓа од фудбалска нација која го има само него, туку тој низ кариерата имал еднакво добра, ако не и подобра репрезентација околу себе. Секако пред него е уште едно светско првенство, тогаш може да влезе во конкуренција за најдобар на сите времиња. Дотогаш…најдобар е само еден Диего Армандо Марадона“.

Ечевери навел уште неколку причини зошто Марадона е најдобар во историјата.

„Ова што сега го прави Меси, Диего го правеше по „ниви“ на кои топката никогаш два пати не отскокнува исто и во ера кога противниците буквално го кршеа. Во Шпанија му скршија нога, а во 80 и 90 години од минатиот век во Ла Лига, Серија А и на светските првенства над него правеа прекршоци кии денес се незамисливи. Меси игра во неспоредливо помека и полесна ера“, рекол Ечевери.

„Меси дојде во клуб и тим кој по навика освојува трофеи. На Марадона му ја скршија ногата и се пресели во Италија. Наполи него не го направи подобар, туку тој цел тим го крена на највисоко ниво. Ла Лига во која играше Марадона и оваа во која игра Меси немаат врска една со друга. За италијанските одбранбени играчи во времето на Марадона не сакам ниту да зборувам“.

Јасно е дека Ечевери нема дилема кој е најдобар.

„Ова се разликите меѓу нив двајца, а најголемата е што Марадона во 1986 година одигра како никогаш во кариерата и стана светски првак, ја влечеше Аргентина до светската титула. Поради тоа тој е најголемиот фудбалер на сите времиња“, заклучил Ечевери.

Марко Ечеври за Боливија одиграл 71 натпревар, постигнал 13 голови. Со Боливија учествуваше на Светското првенство во 1994 година во САД.

Scroll to Top