Top Sport

Дресот на Кари најпродаван во Европа, Јокиќ не е во Топ 10

Стеф Кари и Лос Анџелес Лејкерс се најбарани во Европа оваа година кога се во прашање НБА дресовите и опремата.

Резултатите се засноваат на годишната продажба на „NBAStore.eu“, официјалната онлајн продавница на НБА во Европа, управувана од „Fanatics (International) Limited“ од почетокот на НБА сезоната 2021/2022.

Кари од Голден Стејт, најкорисен играч во финалето на НБА во 2022 година, се искачи од третото место минатата година на врвот на листата на најпопуларни дресови за 2022 година, додека Лос Анџелес Лејкерс трета последователна сезона го зазема првото место на листата на најпопуларните тимови.

На второто место на листата на најпопуларни дресови се најде бекот на Мемфис Гризлис, Ја Морант, а по него е Словенецот Лука Дончиќ од Далас Маверикс, кој беше седми во 2021 година.

Четврти е играчот на Мајами Хит, Џими Батлер, петти на листата е Гркот Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс.

Интересно двократниот МВП Никола Јокиќ не е меѓу првите десет.

Чикаго Булс, Голден Стејт Вориорс, Бостон Селтикс и Мајами Хит се рангирани зад Лејкерси на листата на најпопуларни тимски производи во Европа.

Десетте најпопуларни НБА дресови:

1. Стеф Кари, Голден Стејт Вориорс
2. Џа Морент, Мемфис Гризлис
3. Лука Дончиќ, Далас Маверикс
4. Џими Батлер, Мајами Хит
5. Џанис Адетокумбо, Милвоки Бакс
6. Леброн Џејмс, Лос Анџелес Лејкерс
7. Тарлер Хиро, Мајами Хит
8. Пол Џорџ, ЛА Клиперс
9. Каваи Ленард, ЛА Клиперс
10. Џоел Ембиид, Филаделфија

Десет НБА тимови според продажба на клупска опрема и реквизити:

1. Лос Анџелес Лејкерс
2. Чикаго Булс
3. Голден Стејт Вориорс
4. Бостон Селтикс
5. Мајами Хит
6. Бруклин Нетс
7. Милвоки Бакс
8. Торонто Репторс
9. Далас Маверикс
10. Мемфис Гризлис

Scroll to Top