Top Sport

Дурент ќе игра на ОИ во Париз

По Леброн Џејмс и Кевин Дурент потврди дека ќе настапи за националниот тим на Олимписките игри во Париз.

Дурент во кариерата три пати бил олимписки шампион со САД, во Лондон 2012, Рио 2016 и Токио 2021.

„Сакам да освојам четврти златен медал на Олимпијадата. Сакам да имам редовна, нормална улога во тимот. Исто така сакам да играм значителен број минути. Подготвен сум за тоа“, изјави Дурант во интервју за „Bleacher Report“.

Тој рече дека неговата желба е тимот на САД да покаже колку е моќен во споредба со другите. Очигледно, Американцецот е разочаран од она што на САД им се случи на последните две светски првенства.

„Кога ќе одиме таму, сакам да им испратам порака на сите колку сме доминантни. Ајде сите да постигнеме 40-50 поени. Да им покажеме на сите“.

Асот на Феникс вели дека едвај чека да се дружи со останатите ѕвезди во кампот.

„Возбуден сум што ќе бидам дел од тоа братство. Ништо не може да се спореди со тоа. Во еден тим ги имате најголемите ѕвезди на НБА. Не за една недела, туку за цело лето. Тренирањето со нив ве прават подобар играч. Леброн Џејмс ќе биде таму, можеби Ленард, Ирвинг, Кари, Џорџ, некои нови момци како Едвардс, Тејтум…“, изјави Дурент.

Scroll to Top