Top Sport

Дурент ќе ја пропушти сезоната

Кевин Дурент доживеа тешка повреда на Аиловата тетива, во НБА финалето кое Голден стејт го загубија од Торонто Репторс, а по завршувањето на сезоната тој замина од Оуккланд и се пресели во Бруклин Нетс.

Повредата со која се здоби Дурент бара најмалку десет месеци рехабилитација, што значи дека тој би можел да се врати на терените во финишот на регуларниот дел од новата сезона.

Иако тоа може да се случи од Бруклин не сакале ништо да ризикуваат и веќе објавиле дека Дурент воопшто нема да игра оваа сезона, дури и доколку целосно не заздрави од повредата.

Бруклин Нетс на овој начин сакаат да ја заштитат својата инвестиција. Дурент од Нетс за четири години ќе добие 164 милиони евра.

Во отсуство на Дурент прва ѕвезда на Нетс ќе биде Кајри Ирвинг кој пристигна од Бостон Селтикс.

Scroll to Top