Кевин Дурент, еден од најдобрите играчи на денешницата, поради повредата на Ахиловата тетива ќе паузира помеѓу осум и 12 месеци. Играчот на Голден стејт Вориорс по операцијата се огласи од болничката постела, со зборови на благодарност до сите оние што му пружиле поддршка.
КД се повреди на 8 мај, во текот на петтиот меч од полу-финалната серија на Западот, против Хјустон. Без Дурент, Вориорс го минаа Хјустон, а потоа во финалето на Западот со 4-0 ги елиминираа Портланд Трејлблејзерс.
Крилниот играч ги пропушти и првите четири натпревари од финалето против Торонто Репторс. о петтиот меч по своја желба и во договор со тимот тој се врати на теренот, но во Тронто тој мина нецели 12 минути на теренот.
„Ја скинав Ахиловата тетива. Операцијата беше успешна. Од овој момент започнува моето враќање. Благодарност за зборовите на поддршка. Како што реков ова ме боли, но јас сум добро. Кошарката е мојата најголема љубов, јас сакав да играм. Сакав да им помогнам на соиграчите во походот на третата последовна титула. Едноставо се случи тоа што се случи, горд сум што дадов се од себе и што моите браќа победија“, напишал Дурент на својот профил на „Инстаграм“.
Дурент во годинешниот плеј-оф имаше просек од 32,3 поени, 4,9 скока и 4,5 асистенции по натпревар.
КД ова лето има можност да стане ограничено слободен агент и да потпише договор со Вориорс или со некоја друга франшиза. Повредата драстично ги смени работите бидејќи тој ќе пропушти 80 отсто од наредната сезона.