Ѕвездата на Бруклин Нетс, Кевин Дурент, во моментов е надвор од терените поради повреда. Тој го повреди коленото на 8 јануари кога Бруклин го победи Мајами со 102:101 и оттогаш не е дел од тимот.
Според информациите од САД, Дурент ќе паузира најмалку уште две седмици.
Тој на 39 одиграни натпревари има просек од 29,7 поени и 5,3 асистенции.
Бруклин во моментот се наоѓа на четвртата позиција во Источната конференција со ефект од 29 победи и 17 порази.