Легендарниот кошаркарски тренер, Душан Дуда Ивковиќ можел да стане прв странски тренер во НБА лигата уште во 2002 година. Тој тогаш преговарал со Денвер Нагетс, но до договор не дошло поради чудни околности.
„Имав прв состанок во Ница со ЦСКА Москва. Истовремено добив понуда од Денвер, отидов во Њујорк, рзговарав со Кики Вандевеге, тогашен генерален секретар на Нагетси, а потоа заедно со мојот агент и со уште тројца скаути отидовме на вечера. Цела ноќ, додека јадевме, ми поставуваа прашања. На крајот агентот Бил Даф ми рече `Подготви се утре наутро да потпишеш договор` раскажува Ивковиќ за грчки „Sport24″.
Сепак, следниот ден настанал пресврт.
„Ги договоривме условите за соработка, воедно и мојата улога. Се договоривме во првата година да бидам советник, односно да учам од НБА, а потоа да потпишам двегодишен договор. Следното утро бевме на кафе и ми рекоа дека сопствениците се на одмор и дека не може ништо да се заврши. Ми рекоа да бидам трпелив неколку дена, на што им реков дека за 2 недели имам состанок со ЦСКА. Поминуваа деновите и јас потпишав за ЦСКА“ вели Дуда Ивковиќ.
Следувала уште една покана од Денвер, но предоцна.
„По некое време добив повик од Денвер, ми рекоа `Тренеру, ние сме подготвени`. Им реков `Жал ми е, потпишав за ЦСКА` – открива Ивковиќ.
Српскиот стратег во трите години додека беше во московскиот клуб не успеа да ја освои Евролигата.
Тоа што не му успеа со „армејците“, го постигна со Олимпијакос, во 1997 и во 2012 година.