Top Sport

Пер и Цонга наместо тенис заиграа „серва на мрежа“ во Хале (видео)

Во првото коло на АТП турнирот од серијата 500 во Хале, Французинот Жо Вилфред Цонга го порази својот сонародник Беноа Пер со 2-0 во сетови, или 6-4 и 7-5.

Дуелот во Германија го одбележи потегот на контроверзниот Пер кој при еден сервис го испушти рекетот од рака, па поенот го продолжи во стилот на фудбалерите, играјќи ја популарната „серва на мрежа“.

Цонга го прифати предизвикот на воодушевување на присутните во гледалиштето.

Погледнете како изгледаше сето тоа:

Scroll to Top