Top Sport

Две продолженија во Бостон, Тејтум им пресуди на Клиперс (Видео)

Во последниот меч пред почетокот на Ол стар викендот во Чикаго кошаркарите на Бостон Селтикс и Лос Анџелес Клиперс им приредија вистински спектакл на навивачуте. Селтикс по две продолженија извојуваа победа 141:133.

Играч на натпреварот во „ТВ Гарден“ во Бостон беше Џејсон Тејтум со 39 поени и девет скока. Брилијантен беше и Маркус Смарт со 31 поен, Гордон Хејворд забележа со 21 поен и 13 скока, а Кемба Вокер заврши со1 9 поени, девет скока и седум асистенции.

Кај Клиперс Лу Вилијамс влегувајќи од клупата постигна 25 поени, а од стартерите се истакнаа Каваи Ленард со 28 поени и 12 скока, односно Мотрезл Херел со 24 поени и 13 скока.

Претходно својот меч го одиграа Њу Орлеанс Пеликанс и Оклахома Тандер. ОКлахома победија со 123:118 иако дебитантот на Пеликанс Зајон Вилијамс одигра нов спектакуларен меч.

Тој постигна рекордни во кариерата 32 поени.

Тандер ги предводеа Данило Галинари со 29 и Крис Пол со 14 поени, осум скока и 12 асистенции.

На овој натпревар центарот на Тандер Стиван Адамс ја постигна првата тројка во кариерата.

Scroll to Top