Top Sport

Две продолженија во Денвер, шутерско шоу на Леброн и Адетокумбо (Видео)

Деневер и Мајами одиграа спектакуларн меч, Леброн Џејмс ја доби „револверашката“ пресметка со Јанис Адетокумбо, а шампионот Голден Стејт без главните ѕвезди потклекна пред Сан Антонио.

Мајами победи во Денвер по две продолженија 149:141 и дополнително ги намали шансите на Нагетс дека сезонава ќе го видат плејофот.

Јокиќ на десет секунди до крајот на регуларниот дел постигна поени за 118:118. Во првото продолжение двата тима имаа, но не ги искористија своите шанси. Второто продолжение го обележа бекот на Мајами Џонсон кој со 10 поени беше меч винер.

Џонсон натпреварот го заврши со 31 поен и 11 скока (18 поени овој играч постигна во продолженијата). Поен помалку уфрли крилниот центар Олиник, а Горан Драгиќ заврши со 20 поени.

Денвер го предводеше Јокиќ со 34 поени и 14 скока, а го следеа Чендлер со 26, Мареј со 23 и Бартон со 22 поени.

Кливленд, без тренерот Тајрон Лу, но со повратникот Кевин Лав, успеа да ги победи Милвоки Балкс 124:117.

Леброн уште еднаш го предводеше својот тим, во чии редови Лав се врати со 18 поени, а уште четворица постигнаа двоцифрен број на поени.

„Кралот Џејмс“ натпреварот го заврши со 40 поени, 12 скока и 10 асистенции, што е негов 16.трипл-дабл во сезноната, вкупно 71. во кариерата.

Кај Милвоки се истакнаа Адетокумбо со 37 поени и 11 скока, односно Мидлтон со 30 поени.

Голден Стејт забележа нов пораз, четврти на последните шест натпревари. Без најголемите ѕвезди (Кари, Томпсон, Дурент), Голден Стејт го загуби натпреварот против Сан Антонио 89:75.

Најефикасен играч на Сан Антонио беше Олдриџ со 31 поен, додека Вориорс ги предводеше Кук со 20 поени.

Резултати:

Индијана Пејсерс-ЛА Лејкерс 110:100
Филаделфија-Шарлот Хорнетс 108:94
Бруклин Нетс-Мемфис Гризлис 118:115
Њујорк Никс-Чикаго Булс 110:92
Сакраменто Кингс-Детроит Пистонс 90:106
Минесота Тимбервулвс-Хјустон Рокитс 120:129

Scroll to Top