Top Sport

„Двејн и Леброн се циции, Драгиќ најчесто честеше“

Искусниот кошаркар Јудонис Хаслем член е на Мајами Хит од 2003 година. Имал можност да игра со бројни играчи, меѓу кои и со големите ѕвезди Шекил О’Нил, Двејн Вејд, Леброн Џејмс и Крис Бош.

Хаслем посебно ги издвоил Вејд и Џејмс, ги нарекол циции.

„Леброн и Вејд се најголемите циции со кои сум бил соиграч. Морате да разберете овие момци ништо не платиле од својата 12 година. Кога ќе дојдеше време да се плати нешто тие се вртеа околу себе како да им зборувате на јазик што не го разбираат. Моравте со нив да ја играте играта со кредитните картички за да платата тие“, рекол Хаслем и дополнил.

„Најчесто екипата ја честеше Горан Драгиќ“.

Хаслем објаснил како изгледа играта со кредитните картички. На крајот од вечерата сите играчи ги ставале кредитните картички во капа или торба, а потоа конобарот би извлекол една. Играчот чија картичка би била извлечена ја плаќал заедничката сметка.

Scroll to Top