Top Sport

Малдини: Јас сум најголемиот лузер во историјата

Легендарните италијански фудбалери Паоло Малдини и Кристијан Виери се дружеле на „Инстаграм“, нешто што поранешните спортски ѕвезди го практикуваат во овој период.

Малдини и Виери разговарале на теми поврзани со фудбалот. Виери го прашал Младини кој е неговиот најболен пораз во кариерата.

„Јас сум најголемиот лузер во историјата. Освоив многу трофеи, но сум загубил и три финалиња во Лигата на шампионите, едно финале на европскиот Суперкуп, три финалиња во Интерконтиненталниот куп, сум загубил финале на светско и европско првенство“, рекол Малдини.

Веројатно најтежок пораз во кариерата го доживеал во 2005 година од Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите.

Сигурно дека не може да ги заборави поразите од Бразил, по изведувањето на пенали, во финалето на Светското првенство во 1994 година и поразот од Франција со златниот гол, на Тресеге во финалето на Европското првенство во 2000 година.

Scroll to Top