Top Sport

Повторно е одложен Ролан Гарос

Организаторите на Раолан Гарос решиле дополнително да го одложат почетокот на турнирот, објави „Ле Парисиен“.

Поради коронавирусот почетокот на Роланд Гарос најпрвин е одложен за 20 септември, а со најновата одлука на организаторте турнирот ќе се одржи од 27 септември до 11 октомври.

Тенискиот сојуз на Франција оваа одлука ја донел во соработка со АТП каде започнале да го кројат новиот распоред за тековната сезона која е прекината на почетокот на март.

Ролан Гарос со новиот термин нема да се одржи во исто време кога се одржува позната трка 24 часа Ле Ман. Престижната трка на програмата е на 19 и 20 септември.

Медиумите шпекулираат дека со овој потег се прави простор за одржување на некои турнири на земјана подлога кои вообичаено се вовед во Ролан Гарос. Тука се мисли на мастерс турнирите во Рим и Мадрид.

Scroll to Top