Top Sport

Еден и единствен Расел Вестбрук (Видео)

Бекот на Оклахома Сити Тандер Расел Вестбрук влезе во историјата на НБА лигата по уште еден параметар.

Изминатата ноќ Вестбрук стана првиот кошаркар во историјата на лигата кој забележал трипл-дабл против секоја екипа во лигата.

Последни кои одолеваа беа Чикаго Булс. Оклахома го декласира Чикаго 101:69, а Вестбрук забележа 12 поени и по 13 скокови и асистенции.

„Забележа еден и против нас (Оклахома) на тренингот“, се пошегува Кармело Ентони.

На натпреварот со Чикаго Вестбрук го забележа 82 трипл дабл во кариерата. Тој минатата сезона го соборо рекордот во лигата со 42 такви остварувања и стана само вториот кошаркар во исторјата на НБА лгата кој сезоната ја завршил со просечен трипл дабл во сезоната.

Scroll to Top