Поради пандемијата со коронавирусот нема да се играат натпревари во НБА лигата во наредните 30 дена.
Челниците на најсилното кошаркарско натпреварување во светот оваа одлука ја донесоа откако позитивни на тесто биле играчите на Јута Џез Руди Гобер и Донован Мичел.
Информацијата дека еден месец нема да се играат натпревари НАБ ја објави на својот налог на „Твитер“.
„Како што знаете сезоната поради пандемијата привремено е суспендирана. Оваа одлука ја донесовме поради општата заштита на навивачите, играчите и сите оние што се поврзани со лигата. Прекинот ќе трае најмалку 30 дена. Сезоната ќе ја продолжиме кога ќе бидеме сигурни дека нема никаква опасност да се игра“, се наведува во соопштението.
A Letter to NBA Fans pic.twitter.com/hPX6xhmy9d
— NBA (@NBA) March 13, 2020