Top Sport

„Еднаш многу одамна…“ (Видео)

НБА лигата објави емотивно видео, кое трае седум минути, наслоено како „Еднаш многу одамна…“. Челниците на лигата ги издвоиле најинтересните моменти од кариерата на легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс.

„Еднаш многу одамна постоеше млад кошаркар чии сон беше да стане еден од најдобрите играчи на сите времиња“, рекол Коби пред неколку години и токму со оваа реченица започнува видеото.

Во тие седум минути се ставени некои од најинтересните моменти од кариерата на Коби преку неговото разбирање на играта и неговиот „мамба менталитет“.

„Погодуваш или едноставно промашуваш важен шут. Воопшто не мие страв. Ќе земам шут во последните секунди од натпреварот и ако не погодам, ништо? Или ако погодам…Се е во ред одам дома и се подготвувам за наредниот натпревар“.

Коби Брајант заедно со ќерката Џијана и уште седум други лица загина на 26 јануари во хеликоптерска несреќа.

Ќе остане запишан во историјата на кошарката како еден од најголемите „исто како што многу одамна сонувал еден млад кошаркар“.

Scroll to Top