Top Sport

Ефес го декласираше Реал и го прати блиску до елиминација

Анадолу Ефес имаа фантастично второ полувреме за да стигнат до убедлива 108:83 победа на гости кај Реал Мадрид за да го обезбедат местото во плејофот на Евролигата и во исто време да ги пратат „кралевите“ многу блиску до елиминација.

Сертач Санли имаше 17 поени за да ги предводи Ефес до седма победа во последните осум меча, а му помогнаа Шејн Ларкин со 16 поени (сите во второто полувреме) и Крунослав Симон со 15 поени.

Од друга страна , Реал иама катастрофално второ полувреме, кое го загубија со 67:41, а не беа доволни 19-те поени на Треј Томпкинс и се чувствуваше отсуството на Ентони Рендолф и Серхио Љуљ. Ефес сега има 22-11 скор во Евролигата, додека Мадрид се на 18-14 и во петок ќе се обидат да ги заддржат шансите кога го пречекуваат Олимпијакос.

ЕВРОЛИГА, 32.КОЛО

Црвена звезда – Армани Милано 72:93 (12:22, 24:25, 15:28, 21:18)

Реал Мадрид – Анадолу Ефес 83:108 (20:20, 22:21, 22:35, 19:32)

Жалгирис – Алба Берлин 96:86 (21:23, 20:28, 27:10, 28:25)

Зенит Санкт Петерсбург – ЦСКА Москва 74:86 (18:22, 24:26, 15:15, 17:23)

Панатинаикос – Басконија 82:97 (21:25, 20:24, 18:23, 23:25)

Scroll to Top