Top Sport

Ефес го доби турското евролигашко дерби, Звезда подобра од Басконија

Василије Мициќ имаше 24 поени, а Родриг Бобоа додаде 13 од своите 20 поени во последната четвртина, за Анадолу Ефес да го преживее камбекот на Фенербахче од 22 поени разлика за 84:79 победа во истанбулското дерби во Евролигата.

Шејн Ларкин ги постигна можеби најважните поени на мечот со тешка тројка за 80:75 водство на 32 секунди пред крајот за да ја обезбеди победата за актуелните шампиони.

Црвена звезда пак, надополни разлика од -16 на стартот на втората четвртина за да стигне до 86:83 победа над Басконија, зголемувајќи си ги шансите за плејоф по исклучувањето на руските екипи.
Митровиќ со 18 и Волтерс со 17 поени беа најефикасни за Звезда, додека Фонтекио со 19 и Болдвин со 18 беа најдобри кај гостите.

Фенербахче губеа со 49:27 на почетокот на второто полувреме и со 16 по првата минута од последната четвртина, пред Марко Гудуриќ и Дајшон Пјер да го предводат камбекот зо 10:0 серија за да дојдат на 66:63.

ЕВРОЛИГА, 28. КОЛО

Анадолу Ефес – Фенербахче 84:79 (23:14, 18:11, 18:23, 25:31)

Црвена звезда – Басконија 86:83 (13:26, 28.15, 14:15, 31:27)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top