Шејн Ларкин ја имаше својата најдобра партија оваа година за да ги предводи шампионите од Евролигата, Анадолу Ефес до голема 92:78 победа на гости кај Макаби Тел Авив за враќање во позиција за плејофот по лошиот старт на сезоната.
Ларкин имаш 26 поени, 6 скока и 6 асистенции за да ги врати Ефес во игра, откако Макаби водеа со 29:20 во првата четвртина, за да ги предводи гостите до 47:50 водство, кое не го испуштија до крајот на мечот. Анте Жижиќ имаше 23 поени и 8 скока за Макаби.
И Фенербахче полека се враќа во форма, откако ја забележаа својата четврта победа во низа, овојпат за убедлива 75:53 победа над Басконија. Нандо де Коло имаше 17 поени, 7 асистенции и 6 украдени топки, додека Ахиле Полонара додаде 15 поени, а Јан Весели 13 поени, а во одбраната ги заддржаа Басконија на најнизок број на поени во Евролигата.
ЕВРОЛИГА, 16.КОЛО
Фенербахче – Басконија 75:53 (19:14, 24:14, 12:15, 20:10)
Панатинаикос – Барселона 82:85 (26:26, 23:15, 15:27, 18:17)
Макаби Тел Авив – Андолу Ефес 78:92 (27:20, 20:30, 16:20, 15:22)
Олимпија Милано – Реал Мадрид 73:75 (19:18, 8:17, 21:20, 25:20)
⚡️ Shane Larkin’in EuroLeague'in çift maç haftasındaki performansı
? 42 sayı
? 13/24 saha içi isabeti
? 13 ribaund
?️ 10 asist
?️ 4 top çalma pic.twitter.com/iMvsPa4Q9h— Diyagonal Spor (@Diyagonalspor) December 16, 2021