Главните фаворити во Евролигата, ЦСКА Москва, Анадолу Ефес и Реал Мадрид стигнаа до победи во 16. коло на европското елитно натпреварување, но додека Ефес и Реал беа убедливи, шампионот ЦСКА стигна до триумф во луда драма против Милано.
Даниел Хакет постигна 28 поени (од 6 тројки) за ЦСКА со 78:75 да ги победи Милано и да го подобри скорот на 10:6. Хакет постигна неколку клучни поени во последната четвртина – прво со тројка ја почна 12-0 серијата по која ЦСКА поведе со 74:65, а потоа кога Милано се врати, тој положи за 76:70 на 1:41 пред крајот. Гудаитис врати со кош за 76:72, но гостите не можеа да направат подвиг.
Ефес предводени од Василије Мициќ и Крунослав Симон стигнаа до убедлива 99:79 победа над Макаби Тел Авив во меч во кој победата никогаш не беше неизвесна. Мициќ имаше 23 поени, од кои 16 во втората третина, додека Симон заврши со 19 за Ефес.
Со победата, Ефес остана прв во Евролигата со 13-3 скор, колку што имаа и Реал Мадрид, кои на гости во Атина со 87:75 го победија Панатинаикос за своја 11-та победа едноподруго. Ентони Рендолф беше најдобар за „кралевите“ со 22 поени во меч во кој Реал имаше 10 поени предност на полувреме.
ЕВРОЛИГА, 16.КОЛО
ЦСКА Москва – Армани Милано 78:75 (19:13, 13:26, 27:22, 19:14)
Анадолу Ефес – Макаби Тел Авив 99:79 (23:19, 25:22, 32:17, 19:21)
Алба Берлин – Басконија 81:57 (23:15, 18:11, 16:11, 24:20)
Панатинаикос – Реал Мадрид 75:87 (18:22, 16:22, 24:22, 17:21)