Top Sport

Ефес ја покажа амбицијата со голема победа во Мадрид!

Анадолу Ефес стигна до импресивна 80:75 победа на гостувањето кај Реал Мадрид за своја шеста победа во низа во Евролигата, покажувајќи дека се сериозни кандидати за титулата оваа сезона.

Шејн Ларкин уштееднаш блесна за тимот на Ергин Атаман со 32 поени, 4 асистенции и 3 скока, Тибор Плајс додаде 13 поени, а Ефес стигна до 18-3 скор, со што се убедливи на првото место на табелата.

Од друга страна Реал сега имаат три порази во низа и се на второто место израмнети со Барселона и ЦСКА Москва. Треј Томпкинс имаше 15 поени, Серхио Љуљ заврши со 13 за „кралевите“.

Во другите мечеви, Фенербахче беше стабилен кога беше најпотребно за да го победи Милано со 73:64 и да го подобри скорот на 9-13, додека италијанскиот тим сега е на 10-11 по третиот пораз во низа.

На 60:58 во средината на последната четвртика, Никола Калиниќ, Нандо де Коло и Костас Слукас имаа тројки во одличната 11:4 низа со која Фенер поведе со 9 разлика на 1:14 пред крајот. Џиџи Датоме беше најефикасен со 14 поени и 6 скока, Де Коло заврши со 12, но стана првиот кошаркар со над 3.000 поени во Евролигата, а Слукас имаше 10 поени и 7 асистенции.

Во низа од три победи се и Панатинаикос, откако дома со 100:88 го победија Асвел во меч во кој имаа дури 13 тројки за 13-8 скор. Ник Калатес заврши со 10 поени и 17 асистенции, Џимер Фредет додаде 22 поени, а Јоанис Папапетру имаше 21 со четири тројки.

ЕВРОЛИГА, 21.КОЛО

Фенербахче – Армани Милано 73:64 (24:15, 17:16, 15:16, 17:17)

Жалгирис Каунас – Алба Берлин 104:80 (23:9, 31:18, 30:25, 20:28)

Панатинаикос – Асвел Лион 100:88 (20:18, 32:17, 21:23, 27:30)

Реал Мадрид – Анадолу Ефес 75:80 (20:20, 20:23, 15:16, 20:21)

Scroll to Top