Top Sport

Ефес со луда тројкашка претстава, Реал „падна“ во Литванија

Анадолу Ефес поставија нов рекорд по бројот на тројки во еден меч од Евролигата со 22 успешни удари за со 109:77 да ги декласираат Макаби Тел Авив. Со победата, актуелите шампиони го подобрија скорот на 13-12 и се искачија на осмото место кое води во плејофот, додека Макаби се а 12. место со 11-13 скор.

Ефес доминираше од почетокот до крајот на мечот, и Макаби едноставно немаше шанси. Василије Мициќ беше супериорен со 20 поени (4 тројки) и 10 асистенции, Адриен Мерман додаде 17 поени (5 тројки), а Шејн Ларкин имаше 16 (4 тројки), а Ефес шутираше 22-од-34 во обидите за тројки. За Макаби, Скоти Вилбекин имаше 16 поени и 7 асистенции, а Анте Жижиќ заврши со 17 поени и 8 скока.

Последнопласираниот Жалгирис пак, ги ограничи Реал Мадрид на само 18 поени во второто полувреме за 68:47 победа над фаворитот. Во вечер во која двата тима имаа комбинирани 5-од-35 во обидите за тројки, Едгарас Улановас имаше 15 поени (од кои 10 во последната четвртина) за Жалгирис да ги победи Реал само четврти пат во последните 26 меѓусебни меча. Жалгирис сега има 5-9 скор.

Scroll to Top