Изминатиот викенд на американската телевизија ЕСПН ги прикажа првите две епизоди од документарниот филм за Мајкл Џордан и последна шампионска сезона на Чикаго Булс 1997/1998.
Документарецот насловен „Последниот танц“ има десет епизоди. ЕСПН ги урна сите рекорди на гледаност, првата епизода во САД ја гледале 6,1 милиони луѓе.
„Форбс“ пишува дека Мајкл Џордан решил целиот профит што ќе го оставари од овој серијал во десет епизоди да го донира во хуманитарни цели.
Овој извор проценува дека Џордан од „Последниот танц“ ќе заработи четири милиони долари.
Документарецот нуди досега необјавени снимки и инсајдерски информации за се она што се случувало во Чикаго Булс, како и за некои шокантни методи со кои Џордан се обидувал да ги мотивира неговите соиграчи во походот на последната титула.