Top Sport

Ембид со 59 поени сам ја победи Јута

Џоел Ембид и Дариус Гарланд ја обележаа ноќта во НБА лигата, која донесе нов гостински пораз на актуелните шампиони Голден стејт Вориорс и победа на Лос Анџелес Лејкерс.

Филаделфија ја победи Јута со 105:98. Џоел Ембид на паркетот мина речиси 37 минути и за тоа време постигна 59 поени (19/28 од поле, 20/24 слободни фрлања) со 11 скока, осум асистенции и седум блокади. Никој во историјата на НБА не забележал ваква статистика.

Тој постигна 26 од 27. поени на тимот во четвртата четвртина и стана првиот играч во историјата на НБА со најмалку 50 поени, 10 скока, пет асистенции и пет блокади откако блоковите цлегоа во официјална статистика во сезоната 1973/74.

Камерунецот е првиот играч од 2019 година и Демиен Лилард кој постигнал повеќе од половина од поените на својот тим. Ова е петтиот најдобар учинок во историјата на Филаделфија. Првите три позиции ги држи Вилт Чембрлен (68, 65, 62), додека на четврта е Ален Ајверсон (60).

Стратната петорка на Јута постигна помалку поени (53) од Ембид (59).

Во сенка на Ембид мина брилијантната партија на Дариус Гарланд. Минесота победи во Кливленд со 129:124, а Гарланд забележа 51 поен и шест асистенции.

Гарланд е четвртиот играч во историјата на Кливленд кој успеал да постигне 50+ поени. Претходно тоа им успеало на Леброн Џејмс, Кајри Ирвинг и Волт Весли.

НБА, резултати:

Кливленд – Минесота 124:129
Вашингтон – Мемфис 102:92
Филаделфија – Јута 105:98
Чикаго – Денвер 103:126
Сакраменто – Голден Стејт 122:115
Лос Анџелес Лејкерс – Бруклин 116:103

Scroll to Top