Top Sport

ЕСПН: ЛА Клиперс се први фаворити за титулата

До почетокот на новата сезона во НБА-лигата останаа уште три недели, а според аналитичарите сезоната 2019/2020 може да биде една од највозбудливите во последната деценија.

Титулата ќе ја бранат Торонто Репторс, но уште сега на сите им е јасно дека мали се шансите да ја одбранат.

Неколку тимови се засилија во текот на летото што ја заголеми листата на кандидати за титулата.

Изминатите пет сезони во лигата доминантни беа Голден стејт Вориорс, но тие според „ЕСПН“ се осми на листата фаворит за титулата.

Најмногу шанси им се даваат на ЛА Клиперс кои се засилија со Каваи Ленард и Пол Џорџ, а веднаш до нив се Милвоки Бакс со Јанис Адетокумбо. Интересно ЛА Лејкерс со Леброн Џејмс и Ентони Дејвис се на четвртото место. Пред нив на листата се Филалделфија ’76.

Вака изгледа листата на ЕСПН:

1. Лос Анџелес Клипрс
2. Милвоки Бакс
3. Филалделфија ‘76
4. Лос Анџелес Лејкерс
5. Хјустон Рокетс
6. Денвер Нагетс
7. Јута Џез
8. Голден стејт Вориорс
9. Бостон Селтикс
10. Портланд Трејлблјзерс
11. Бруклин Нетс
12. Торонто Репторс
13. Сан Антонио Спарс
14. Мајами Хит
15. Далас Маверикс
16. Њу Орлеанс Пеликанс
17. Индијана Пејсерс
18. Сакраменто Кингс
19. Детроит Пистонс
20. Минесота Тмбервулфс
21. Орландо Меџик
22. Оклахома сити Тандер
23. Чикаго Булс
24. Атлана Хокс
25. Вашингтон Визардс
26. Мемфис Гризлис
27. Кливленд Кавалирс
28. Финикс Санс
29. Њујорк Никс
30. Шарлот Хорнетс.

Scroll to Top