Top Sport

Еуфорија во Белград: Се бара билет повеќе за следниот меч меѓу Партизан и Реал Мадрид (Фото)

Илјадници навивачи на Партизан, популарните „Гробари“, чекаа во долга редица пред билетарата на стадионот на ФК Партизан за да купат билет за четвртиот натпревар од плеј-офот на Евролигата, кој се игра утревечер во „Штарк арена“.

Многу луѓе дојдоа да си фатат добро стартно место уште во шест часот наутро, иако продажбата започна во 10 часот, а цените се исти како и за третиот натпревар – од 5.500 до 60.000 динари (меѓу 50 и 500 евра) во зависност од позицијата на трибините.

 

Scroll to Top