Top Sport

Еуро Никел извојува „мајсторка“ за финале против Пелистер

Во драматична завршница со пропуштен обид во последните секуни за триумф, Еуро Никел стигн до 90:89 победа над Пелистер за да израмни на 1:1 во полуфиналната плејоф серија.

Во „Јасмин“, двата тима не успеаја да направат значителна разлика во текот на мечот, пред Еуро Никел да се одвојат за 85:72 водство. Во последните пет минути, Пелистер се врати со 11:2 серија, за на 42. секунди да биде само еден поен разлика за домаќините (90:89), за Стајиќ да го утне клучниот обид во последните секунди од мечот. Калахан заврши со 14 поени за домаќините, Караколев додаде девет, додека за Пелистер, Малешевиќ заврши со 14 поени.

„Мајсторката“ се игра во вторник во Битола, а во вториот полуфинален меч, ТФТ го пречекува МЗТ Скопје Аеродром, кои имаат 0:1 предност по првиот меч.

Фото: КФМ

Scroll to Top