Top Sport

Надал ја доби битката во пет сета против Оже-Алијасим, следен е Ѓоковиќ!

Рафаел Надал пристојно се испоти, но остана на пат до својата 14. титула од Ролан Гарос, откако со 3:6/6:3/6:2/3:6/6:3 го совлада фантастичниот Канаѓанец, Феликс Оже-Алијасим, за да закаже четврт-финале од соништата против својот стар ривал, Новак Ѓоковиќ.

Во мечот од 4 часа и 23 минути, Надал не беше само против талентираниот Оже-Алијасим, туку и невообичаено против француската публика, која го преферираше аутсајдерот во дуелот со 13-кратниот шампион. Сепак, Шпанецот на крајот покажа дека и покрај тоа што многумина го „отпишаа“ по низата повреди и слабите подготовки во сезоната на земја, е поготвен за борба до крај, што е совршена најава за новата голема пресметка со Ѓоковиќ.

Свирежите не му пречат! Ѓоковиќ го „збриша“ Шварцман, сега чека мега-дуел со Надал

Scroll to Top