Top Sport

Евролига: Дарушафака победи по 12 порази во низа (видео)

Турскиот клуб Дарушафака стигна до 79:75 победа над Олимпијакос за да ја прекине серијата од 12 порази едноподруго во Евролигата.

Дарушафака имаше блескав старт и водеше со 24:12 по првата четвртина, за на полувреме да отиде со +11 (42:31). Грчкиот фаворит ја намалуваше разликата во второто полувреме, но домаќинот успеа да стигне до само втората победа во Евролигата оваа сезона. Тони Даглас имаше 19 поени и 9 асистенции, додека кај Олимпијакос, Стрелникс имаше 15 поени.

Басконија пак, на гости успеа да го победи Химки со 77:85, откако водеше во поголемиот дел од мечот против фаворизираните домаќини. Шилдс имаше 15, а Хилиард и Фоигтман по 14 поени за Басконија.

Барселона едно полувреме се мачеше против Анадолу Ефес, за во целото второ полувреме да им дозволи само 15 поени на гостите за убедлива 80:65 победа, додека многу подраматично беше во Тел Авив, каде што Макаби со минимални 94:92 ги победи Армани Милано.

ЕВРОЛИГА,  15. КОЛО

Химки – Басконија 77:85 (19:27, 17:16, 22:14, 19:28)

Дарушафака – Олимпијакос 79:75 (24:12, 18:19, 18:22, 19:22)

Макаби Тел Авив – Милано 94:92 (21:24, 25:24, 29:27, 19:17)

Барселона – Анадолу Ефес 80:65 (23:29, 16:21, 20:7, 21:8)

Фото: ЕПА

Scroll to Top