Top Sport

Евролига официјално продолжува без руски клубови, а најзасегнат е Фенербахче

Евролигата и Еврокупот и официјално го потврдија тоа што беше сигурно уште пред неколку седмици – сезоната ќе продолжи без учество на клубови од Русија поради вмешаноста на земјата во воениот конфликт во Украина.

По избувнувањето на војната, оваа одлука беше одложена за 21 март – со што им беше дадена шанса на руските тимови да се вратат во натпреварувањето доколку се реши ситуацијата во Украина, но за жал до таков исход не дојде. Сите натпревари на руските клубови ќе бидат поништени, така што новите табели и официјално ќе стапат во сила.

Ваквиот развој на настаните е поволен за српскиот тим Црвена Звезда. Избраниците на Дејан Радоњиќ сега се на осмото место на табелата, кое води директно во плеј-офот и има скор 11-13, исто како и седмопласираниот Монако. Следуваат Макаби со 11-11 и Фенербахче со 9-13.

Токму тимот на Александар Ѓорѓевиќ е најзасегнат од ваквата одлука на Евролигата. Фенербахче остана без три победи бидејќи имаше максимален против руските претставници, Зенит, ЦСКА и Уникс.

Scroll to Top