Актуелниот шампион од Евролигата, Реал Мадрид стигна до импресивна 100:75 победа на гости кај рускиот Химки за да осигура домашна предност во плеј-офот со скор 20-6, додека Армани Милано е на чекор од плеј-офот по супер-важната 66:57 победа над Олимпијакос.

Фабиен Косер имаше одлична партија со 22 поени, 4 скока и 2 асистенции, Треј Томпкинс додаде 11 поени, додека за домаќините Алексеј Швед повторно имаше над 20 поени (21 поен и 2 асистенции). Химки има 9-17 скор и многу мали шанси за плеј-оф.

Во Милано, Мајк Џејмс имаше неверојатен меч (27 поени, 6 асистенции, 6 скока) за да им донесе на Армани Милано победа над Олимпијакос, нивна 14-та во Евролигата со која италијанскиот тим е блиску до плеј-оф првпат од 2014 година. Олимпијакос, кои го загубија капитенот Василис Спанулис во првото полувреме, имаат 13-13 скор, откако имаа вистински „колапс“ во второто полувреме.

ЕВРОЛИГА, 26.КОЛО

Химки – Реал Мадрид 75:100 (22:24, 16:27, 12:19, 25:30)

Жалгирис Каунас – Баерн Минхен 85:79 (22:20, 26:15, 21:18, 16:26)

Макаби Тел Авив – Анадолу Ефес 71:79 (18:13, 23:26, 17:19, 13:21)

Армани Милано – Олимпијакос 66:57 (19:10, 4:13, 26:16, 17:18)

Гран Канарија – Дарушафака 84:64 (37:30, 15:18, 23:17, 24:17)