Кошаркарската Евролига на грчкиот „големец“, Олимпијакос му ја тргна забраната за доведување ограчи. Пред речиси еден месец, Евролигата го санкционираше клубот од Пиреја поради кршење на финансиските правила.
Казната беше во тоа Олимпијакос да не смее да регистрира играчи и тренери се додека не ги подмири обврските и тоа во период од 30 дена.
Комисијата за контрола пресуди дека грчкиот тим е одговорен за повредите на дисциплинскиот законик, па покрај повлекувањето на забраната, следува друг тип на казна.
Олимпијакос во следната сезона ќе мора да ја намали бруто платата на играчите за 7.5%.
По 25 одиграни кола сезонава, грчкиот тим е на деветата позиција во ЕЛ со скор 11-14. Во наредното коло, утре гостуваат во Тел Авив, кај Макаби.