Кошаркарската Евролига веројатно нема да ја продолжи кошаркарската сезона. Реална опција е да се одигра завршен турнир по кој ќе биде познат шампионот.
Планот на првиот човек на Евролигата, Џорди Бартомеу и неговите соработници е да се одигра турнир во еден град на кој би играле првопласираните осум екипи на табелата.
За организација на турнирот се јавиле три града Каунас, Атина и Белград. Градоначалникот на Белград синоќа потврдил дека градот испратил кандидатура, додека Евролигата ги контактирала сопствениците на арените „ОАКА“ и „Мири и Пријателство“ како и газдите на салите во кои своите натпревари ги играат Маруси и Перистери.
Евролигата има план сезоната да биде комплетирана во перидот од 4 до 26 јули.