Top Sport

Евролигата не дозволува излегување на Панатинаикос

Извршниот одбор на Евролигата во понеделникот го разгледуваше барањето на Панатинаикос за префрлање на лиценцата со што грчкиот клуб најверојатно ќе биде приморан да продолжи со натпреварувањето.

Евролигата тврди дека ПАО не гарантирал дека ќе ги покрие обврските кон другите 10 клубови со лиценца и кон компанијата „Евролига баскетбол“. Панатинаикос има десетгодишен договор со Евролигата и за раскин се потребни околу 10 милиони евра за оштета кон клубовите, и уште приближно иста сума кон Евролигата.

Грчките медиуми тврдат дека Панатинаикос едноставно нема намера да даде толку пари и дека и следната сезона ќе бидат во натпреварувањето.

Scroll to Top