Top Sport

Фановите на Црвена Звезда во транс: Факундо Кампацо долета во Белград

Аргентинскиот кошаркар Факундо Кампацо пред неколку минути слета на белградскиот аеродром, а до крајот на вечерта и официјално би можел да стане кошаркар на Црвена звезда.

Аргентинецот во Белград пристигна во придружба на семејството и веќе нема никаква пречка Црвена Звезда да го добие веројатно најгласното засилување во својата историја. Тој е поранешен член на Реал Мадрид, како и на Далас Маверикс во НБА лигата.

Scroll to Top