Top Sport

Мартинез: Франција можеби е фаворит, но ние го имаме најдобриот играч на сите времиња

Голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез, зборуваше за медиумите во пресрет на големото финале против Франција.

„Исто беше и против Бразил на Копа Америка, луѓето мислеа дека тие се фаворити за титулата, а сега тоа е Франција. Луѓето можеби им даваат предност, но ние го имаме најдобриот играч на сите времиња“, изјави голманот на Астон Вила.

„Тој е многу среќен и тоа се одразува на неговата игра на теренот“, рече Мартинез за капитенот на тимот.

Меси игра по петти пат на Светско првенство, но досега не станал шампион. Тој беше најблиску пред осум години во Бразил, но беше сопрен во финалето од Германија.

„Во првиот натпревар загубивме од Саудиска Арабија, но никој не ја загуби вербата. Од натпревар во натпревар ја подобрувавме нашата игра. Знаевме дека против Мексико и Полска не чекаат две финалиња и ги одигравме точно така.Од почетокот правиме сѐ што е во наши сили да го одбраниме националниот дрес“, продолжи Мартинез.

“Тешко ми е да не размислувам за трнливиот пат кој го поминав до утрешното финале. Многу млад ја напуштив татковината, а сега цела земја страстно ме поддржува. Тоа е нешто навистина посебно”, заклучи аргентинскиот голман.

Scroll to Top