Виторија од петок до недела ќе биде кошаркарскиот центар на Европа. Во овој баскијски град четирите најдобри екипи сезонава во Евролигата, ќе се борат за вредниот трофеј. Титулата ја бранат кошаркарите на Реал Мадрид, а на завршниот турнир уште учествуваат турските тимови Фенербахче и Анадолу Ефес, односно рускиот великан ЦСКА Москва.
Реал покрај што ја бранит титулата е најтрофејниот клуб во ова друштво. „Кралскиот клуб“ во Виторија ќе се обиде да ја освои 11 титула. Седум титули во своите витрини има ЦСКА, Фенербахче еднаш биле европски шампиони, но на својата клупа го имаат најтрофејниот тренер, Жељко Обрадовиќ е во поход на десеттиот трофеј. Анадолу Ефес никогаш не победиле во Евролигата, тоа е тим што по пауза од 18 години повторно игра на завршниот турнир.
Полу-финалните натпревар на програмата се во петок. Програмата ќе ја отворат истанбулските ривали Фенербахче и Анадолу Ефес од 18 часот. Фенербахче на овој турнир се хендикепирани бидејќи во тимот ги нема Луиџи Датоме и Жофри Ловерњ.
Три часа подоцна својот натпревар ќе го започнат Реал Мадрид и ЦСКА Москва.
В недела прво ќе се одигра натпреварот за третото место (17.30 часот), а големото финале на програмата е од 20.30 часот.