Фенербахче продолжи да „гази“ во Евролигата и во реприза на финалето од минатата сезона во Истанбул со пресврт во последните минути со 65:63 (22:12, 10:20, 16:12, 17:19) го совлада актуелниот шампион Реал Мадрид.
Првото полувреме од репризата од минатогодишното финале во Белград помина променливо – Фенер беше убедлив во првата четвртина, а Реал во втората, по што се менуваше водството пред шпанскиот клуб да направи предност. Реал беше во водство во последните минути, пред Датоме да ги постигне клучните поени на 6.6 секунди пред крајот.
Луиџи Датоме беше лидер за Фенер со 17 поени, 7 скока и една аситенција, Јан Весели додаде 13, а Марко Гудуриќ 11 поени. За „кралскиот клуб“ Руди Фернандез имаше 12 поени, а по 11 постигнаа Ентони Рендолф и Џејси Керол.
Двата клуба остануваат на врвот на елитното европско натпреварување, Фенер со 14-1 скор, а Реал Мадрид со 12-3 така што е многу веројатно тие повторно да се сретнат и на Фајнал фор турнирот.
Фото: ЕПА