Челниците на кошаркарскиот клуб Фенербахче направиле план како да го убедат тренерот Жељко Обрадовиќ да остане во клубот.
Обрадовиќ е најтрофејниот тренер во Евролигата, тој на Фенер им ја донесе првата титула во Евролигата во клупската историја.
Минатата недела медиумите излегоа со шпекулации дека Шарунас Јасикевичиус ќе биде новиот тренер на Фенербахче. Во исто време пишуваа дека Обрадовиќ ќе земе едно годишен одмор, а потоа ќе го наследи сонародникот Светислав Пешиќ на клупата на Барселона.
Во Фенербахче сепак немаат намера лесно да се откажат од тренерот чии договор завршува оваа сезона. Клубот на Обрадовиќ ќе му понуди нов договор со годишна плата од 1,65 милиони евра.